Приведен навивач на Левски од ПС Автокоманда порача: Распрснати сме, ама полицајците многу добро се однесуваат со нас
Еден прободен, нападнати полицајци, искршени автомобили. Епилогот 21 уапсен, 19 од нив фанови на Левски, двајца на Шкупи.
Најсериозниот инцидент беше на влезот на Чаир, каде беа нападнати автомобили со фанови на Левски, а еден од нив беше опрободен со нож.
Навивачите на Левски на националниот стадион Тоше Проески собираа пари за да ги платат казните и да ги ослободат уапсените.
Според последните информации дел од нив се пуштени на слобода, а дел се уште ги очекуваат казните.
„Распрснати сме, ништо не знаеме. Адвокат немаме, апсоултно немаме ништо. Имаше провокации и од полицијата и од домашните навивачи кога влеговме на стадионот.
Овие полицајци кои не држат тука во станицата се однесуваат многу добро со нас“, изјави за бугарска Нова еден од уапсените навивачи од пред полициската станица во Автокоманда.