Укинат и куќниот притовор за Беќим Незири и членот на обезбедување кој ги пушти
Случајот за упадот во М-НАВ и понатаму не мирува, а денес пристигна и нова одлука поврзана со настанот.
Имено Апелациониот суд му го укина куќниот притвор на претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири кој беше на чело на групата која упадна во Македонската навигација.
Второстепениот суд во соопштение за јавноста вели дека ги уважил жалбите на осомничените, го укинал куќниот притвор и на Незири и уште еден осомничен и му ги оставил мерките за претпазливост кои првично им ги одреди Кривичниот суд.
Судот оценил дека скопското обвинителство не приложило докази дека тие осомничените може да избегаат, дека може да ја попречуваат истрагата и да влијаат на сведоци или да го повторат делото.
-Судот, ценејќи ги доказите приложени кон доставениот предлог за определување на мерка притвор, а имајќи предвид дека единствен доказ кој се однесува на осомничените е потврдата за привремено одземени предмети како и наводите во изјавената жалба на ОЈО Скопје против Решението на судијата на претходна постапка и образложението на обжаленото решение, оцени дека во истите не се приложени докази ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат, се вели во соопштението.
На слобода е пуштен е осомничениот вработен во компанијата „2 СС Кичево“, иако тој им дозволил влез на осомничените во објектот.