(ФОТО) Борко Ристовски се огласи од болница – за првпат во рака ја фати ќеркичката и објави како изгледа
Долги години беше незаменлив на голот на македонската ракометна селекција, но во последно време Борко Ристовски го нема во националниот тим.
По богатата интернационална кариера во едни од најдобрите светски клубови како Барселона, Рај Некар Ловен, Гумерзбах, Ал Ахли, Бенфика и многу други тој се врати дома и веќе две сезони е дел од Вардар.
Полека но сигурно со своите 39 години Борко е на залезот на својата кариера, па во последно време е и политички активен во ВМРО ДПМНЕ.
Како што е познато во февруари 2018 година, Борко Ристовски и неговата сега веќе сопруга Николина ставија потпис во матично и запливаа во брачните води.
Како круна на љубовта Борко и Нина го добија синчето Душан за кое голманот често знае да каже дека му е една од најголемите радости во животот.
Но тоа не е се, од вчера фамилијата Ристовски се прошири за уште еден член, а станува збор за новородената ќеркичка.
Па така денес тато Борко и бато Душан за првпат ја посетија мама Нина и дада Анастасија во болница и објавија заеднички фотографии.
Притоа Борко не ја криеше својата радост за која што на својот профил на фејсбук напиша:
Вчера на свет дојде нашата мала лепотица Анастасија. Уште една коцка повеќе во мозаикот наречен живот. Ти благодарам Нина Ристовска што по втор пат ме направи горд татко. Ви благодарам на сите за честитките