(ФОТО) Доцна вечерва во Косово убиено лице во автомобил со македонски теблички
Едно лице е убиено денеска на улица Ц во Приштина. Веста ја потврди портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флора Ахмети, која рече дека убиството се случило околу 20 часот, на улицата Ц во Приштина:
„Денеска околу 20:00 часот имало дојава за пукање што се случило на улицата „Ц“ во Приштина. Полицијата излегла на местото на настанот и од првите информации добиени од лекарите од Итната помош било потврдено дека едно лице е без знаци на живот“.
Понатаму, како што дознава онлајн весникот Reporteri.net, за да ги отстрани трагите бегајќи од полицијата, во бегство по улицата А во главниот град, го запалил својот автомобил БМВ.
Весникот обезбеди слики од случајот, каде што се гледа автомобилот на осомничениот, кој е целосно опожарен. На местото на настанот пристигнаа полицијата и пожарникарите.
Клан Косова дознава дека жртвата била во автомобил со северномакедонски регистерски таблички во моментот кога бил нападнат со огнено оружје.
Екипата на Клан Косова е на местото на настанот, безживотното тело на жртвата се уште е во автомобилот речиси два часа подоцна.