(ФОТО) Кристина Димитри пресреќна поради личноста која и се врати во животот
Кристина Димитријевска која ја освои тутулата на Мис Балкан, е една од нашите најпознати манекенки, фотомодели и пејачки.
Најчесто е поврзувана со епитетот бившата на Кајмакоски, но вели дека не се срами од тоа, а сигурна дека со градењето на кариерата, со успесите кои ќе следат, тоа ќе се тргне.
Но, Кајмакоски си продолжи по својот пат и неодамна повторно се ожени, а Кристина полека но сигурно ја освојува македонската музичка сцена.
– Колку и да направиш голем успех, тебе луѓето секогаш сакаат да те врзат за некој скан дал. Но за мене разводот е дел од животот, и никогаш не сум склона кон правење на скан дали.
Не постојат маани кога си самохрана мајка, детето направи од мене да размислувам многу повеќе, да работам и да творам.
Кога имаш дете тоа е веќе една сериозна обврска. Во едно интервју изјавив дека јас сум и мајка и татко на моето дете, неможе ништо да се сокрие, а да беше поинаку моето дете немаше да биде толку среќен и позитивен, изјави Кристина.
Секојдневно е активна на социјалните мрежи каде фановите ги почастува со нејзини фотосесии, а последната објава на Инстаграм профилот остави многумина изненадени затоа што напиша: Една личност ми се врати во животот!!. Станува збор за машка личност, но лицето му го покри со смајли.