(ФОТО) Сузана: На само неколку метри од болницата во Скопје дедо од 80 години спие на отворено
Сузана Сич на својот фејсбук профил сподели емотивна објава која привлече поголемо внимание:
Барем споделете Овие денови размислувам како да му се помогне на бездомникот-старец од 80 години што спие под отворено небо во Карпош 3 спроти бивша Во ена Болница.
Може ли некој да му постави барем шатор да не спие под ведро небо?!? Има ли општествено одговорни компании што би помогнале со донација на шатор?!?
Не знам како на друг начин да му се помогне. Зимата 2020-2021 беше згрижен скоро 4 месеци од добри луѓе, 2021-2022 ја помина дел во бетонската цевка кај Борис Трајковски, дел во Момин Поток (Црвен Крст).
Оваа зима не оди во цевката кај Б.Т. зашто видот му е ка тастрофа и спие кај гаражите спроти 8 Септември.
Нешто потоа Сузана се јави со апдејт и сподели што се има променето после нејзината објава:
Добар човек отишол да му однесе шатор, душек, ќебе, храна. Вели во многу л оша состојба е што е и очекувано.
И вие со денови да лежите на земја и да ве врне и да имате 80 години… Се јавил во полиција, го насочиле да се јави во Брза Помош. Брза Помош дошла да види за што станува збор, но и тие рекле не се надлежни.
Има некој надлежни за луѓе што ни уми раат пред очи (без разлика што има 80 години и што е бездомник)? Кај ни отиде човештината и емпатијата?