Хрватската фудбалска ѕвезда во родното место на татко му дојде со старо Фиат Пунто – мештаните му испекле вол од 400 килограми
Хрватската фудбалска селекција од неодамнешното Светско првенство во Катар се врати бронзен медал.
Едно од откритијата во составот на „коцкестите“ беше младиот дефанзивец на германски Лајпциг, Јошко Гвардиол.
Тој денеска беше пречекан во Новиград на море, родното место на неговиот татко. Во чест на бронзениот репрезентативец мештаните приредија голема забава, а испекле и вол тежок повеќе од 400 килограми.
Интересно е што Гвардиол, кој во досегашната кариера има заработено милиони и има милионски договор со РБ Лајпциг, на дочекот дошол со постар модел Фиат Пунта.
Да потсетиме, во Новиград е роден неговиот татко Тихомир, кој се прослави по продажбата на риба на загрепски Долац и во деновите кога Хрватска играше на Мундијалот, а таму се уште живеат неговиот дедо Звоне и бабата Милка.