Јутјуберот Лазаров: Со љубомора само тонете и гниете во вашиот гнев
Најпознатиот македонски јутјубер, младиот Стефан Лазаров, успеа да стекне преку 100 илјади претплатници на својот канал и да се квалификува како еден од најгледаните јутјубери во земјава.
Неговиот успех е неспорен, а во едно интервју кажа дека родителите, семејството, му се најголема поддршка. Неодамна правеше свадба, а успеа и да си купи Мерцедес.
Но, како и секогаш, кај нас има луѓе кои се восхитуваат на успешните, но и такви кои завидуваат и сметаат дека ништо не им е стекнато самостојно.
„Читам денес на твитер како мерцедесот ми бил подарен, купен на лизинг, даден од спонзор, сум се еб*л у гз, устата ми знаела и сум бил сељак.
Јас ќе ви посакам да си го живеете својот живот и да бидете среќни за туѓиот успех за да може да ви дојдат убави моменти и во вашиот.
Со љубомора само тонете и гниете во вашиот гнев. Стефан се што прави од самиот почеток прави сам, со труд и макотрпна работа.
Ќе ве оставам да кењате , само тоа и можете, а јас за своите луѓе и оние кои ме поддржуваат ќе давам се од себе секогаш!Успех во оваа држава може да се направи и секогаш ќе се трудам да ги мотивирам оние кои веруваат во мене“