Џулијано од Прилеп заминал во Германија, но кога се вратил останал без фамилија: На работ на пропаст е, си напишал и проштално писмо, моли за 2000 евра помош за пат до Израел
Џулијано Петрески можеби ќе имал друг животен тек да не донел некои погрешни животни одлуки. Овој 51 годишен маж од Прилеп има убави спомени од младоста и тие се единствената причина ќе каже тој поради која сеуште е жив. На 25 години се оженил и создал семејство од кое му се раѓаат најголемите среќи Леона и Лучијано- ќе додаде тој.
Во 2001 година преку јавен оглас добива стан во социјална зграда. Безработицата и тешкиот живот ќе го натераат еден ден да замине на печалба во Германија, за кога ќе се врати во родниот крај освен ѕидови и студен стан да не најде ништо повеќе. Го губи семејството, а не знае зошто. Џулијано последниве години се труди да најде работа, но, безуспешно. Живее со 4000 денари социјална помош од која половина ја дава на лекови за високиот притисок кој го стекнал како резултат на стресот.
Храна често нема, но, затоа секогаш во душата му е присутна болката кон децата. Толку лошо се чувствува кажува тој, што во фаза на очај напишал и проштални писма. На врат овој човек поради минималниот месечен приход има еден тон изршители, а, му се заканува и ситуација на бездомник доколку не најде средства да ја подмири киријата. Бидејќи порано го надминал престојот во Германија, денес нема право да работи во Шенген зоната. Во родниот крај сите му завртеле грб, па, затоа, единствената шанса му е да ја прифати понудата да работи како електричар во Израел.
Џулијано има убави спомени од детството и младоста кои се единствените работи што денес го одржуваат во живот. Млад одлучува да се ожени и да создаде семејство, кое за да го прехрани откако тука ја губи работата и не може да се снајде со работа, заминува во Германија да печали за живот. За жал, откако ќе се врати во родниот град, во празниот стан, само албумите со фотогравии и мебелот кој ги раскажува некогашните случки остануваат да му сведочат дека некогаш живеел и бил жив.
-Потекнувам од Варош и не можам да се пожалам на животот кога бев дете и помлад. Со семејството живеевме во социјален стан во Прилеп. Имам и брат со кој за жал одмана не сум во контакт.Се оженив на 25 години и бев вработен како електричар. Добив и стан како млад брачен пар со ниски примања. Се беше во ред. Но, поради сплет на околности останав без работа и мислам дека тука почнаа проблемите.
Немавме приходи од никаде. Сопругата се вработи но, тоа не беше доволно. Па, поради тоа што децата веќе растеа и има поголеми потреби одлучив да заминам за Германија. Првиот пат заминав со синот, но, тој не се пронајде таму и се врати. Јас останав. Им испраќав пари дома. Потоа, 2018 пак заминав, но за жал, тогаш повеќе се задржав и добив печат дека не смеам повеќе да се враќам.
И, тука ми започна пеколот. Се враќам во родната земја, во станот каде го создадов семејството. Децата повеќе не си ги видов. Се отселиле со сопругата и не сакаат да имаат контакт со мене. Јас, не можев повеќе да работам во странство, а, во родниот град како електричар каде и да тропнев ме одбиваа. Дојдов до социјален случај. Не ми се влегува дома. Седам на клупа во парк и само спомените ме одржуваат во живот- раскажува овој несреќен човек.
Болката за децата ми е најголема. Ги учев да бидат вредни и чесни. Верувам дека тоа и станале – ќе каже Џулијано. Толку ме гуши таа болка што потешко ми е од неа, отколку без храна. Иако, овој човек живее само со 4000 денари социјално помош,а половина поради претрпени стресови и висок притисок ги дава за лекови, сепак уште поголемата опасност што наскоро може да го снајде поради неплатени сметки за кирија во социјалниот стан може да стане и бездомник.
Затоа, единствена шанса му е да ја прифати понудата да работи како електричар во Израел за која мора да обезбеди 2000 евра за да може да замине на пат.
-Сум имал многу тешки денови. Некогаш си велам ќе умрма нема да ме најде никој во станов. А, и од него ми се заканува опасност дека ќе бидам исфрлен зашто немам платено со години кирија. Па, како да платам со социјална помош од 4000 денари, од која половина ја давам за лекови за моето здравје. Од нервози притисокот ми се качува и до 240 со 120. Напишав и писма до децата и сопругата.
Да ми простат ако некогаш сум им згрешил и да се сеќаваат на мене за добро. Ќерката ми е матурантка, а, јас не знам ни како изгледа. Не заслужив ваков живот. За некој ден ако не се снајдам може да станам и бездомник. Затоа, единствена шанса да си го спасам животот ми е да ја прифатам понудата за електричар во Израел, но, за пат ми требаат средства за да купам карта. Само тоа може да ме врати во живот- завршува Џулијано.
Доколку скате да му помогнете на Џулијано Петрески тоа можете да го направиме на неговата трансакциска сметка 240287001526654 и на неговиот личен телефонски број 074233656.