(ВИДЕО) Снимка од Германија предизвика хаос на мрежите: Жена среде бел ден шета маж со поводник

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како жена шета маж на поводник среде Минхен, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Имено, на страницата Munchner Gesindel која објавува интересни видеа од главниот град на Баварија, во близина на ексклузивен дел од градот е објавено видео од жена како шета маж со поводник.

Бизарното видео е направено сред бел ден, а на него се гледа како маж ја слуша својата „љубовница“ како куче на поводник, следејќи ја нејзината нога.

Ова видео предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, иако не е прв ваков бизарен јавен настап. Имено, пред неколку месеци истото се случи на улиците во Загреб.

Додека едни критикуваа, други пишуваа хумористични коментари, а имаше и такви кои се загрижија за колената на мажот бидејќи не носел заштитници.Останува нејасно дали станува збор за фетишизам, или за некаков бизарен уметнички перформанс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Münchens Nr.1 (@munchner.gesindel)