Д-р Нико: Многу скоро болниот во Македонија ќе има една желба – да има кој да го прегледа и да му даде терапија
Познатиот македонски доктор Нико Беќаровски на својот фејсбук профил сподели објава во која што вели:
Многумина се изненадија од фактот дека за една деценија бројот на активни доктори во Македонија, се намалил за 2000 и денес останавме помалку од 5400.
Според препораките од многу релевантни институции минимумот потребни доктори за одржлив здравствен систем е >3 доктори на 1000 жители.
Ние веќе паднавме на 2.9/1000 жители со тенденција за слободен пад.
Во земјите на ЕУ најнизок коефициент има Унгарија и Бугарија со 3.3, а највисок Грција со 5.7/1000 жители.
Токму примерот на Грција ни укажува дека и економски посиромашни држави може да имаат добар здравствен систем со правилна политика.
Во сите европски држави континуирано паѓа бројот на студенти кои запишуваат медицина, поради што во наредните децении егзодусот на доктори од Балканот ќе биде многу подраматичен.
Повеќе од 2/3 од докторите во Италија и балтичките држави во следната декада ќе заминат во пензија, што ќе предизвика дополнителен дефицит, кој веројатно повторно ќе се пополнува од овие краишта.
Старосната структура и на докторите во Македонија секоја година станува се поа лармантна. Ако продолжи истата динамика на одлив на лекари, а многу веројатно дека само дополнително ќе ескалира, за десетина години, можеби ќе имаме нови К.Ц., можеби ќе имаме и “широки канцеларии” но сите тие ќе зјаат празни.
Македонското население забрзано старее, а тоа драстично ќе ги зголеми и потребите од здравствена заштита и нега.
Човечкиот ресурс е најголемото богатство на секоја држава и секое општество кое тоа не го антиципира е осудено на пропаст.
За да биде тр агедијата уште поголема ситуацијата со останатиот здравствен кадар е уште поал армантна.Здравиот човек има илјада желби, а болниот само една.
Многу скоро болниот во Македонија ќе има уште една желба, да има кој да го прегледа и да му даде терапија.
Медицината е премногу сериозна гранка во секое општество, за да се практицира со несериозни изјави.