Матилда се омажи со својот полубрат, па наиде на критики од јавноста: Туѓите мислења не не интересираат
Еден брачен пар привлече големо внимание од светот кога откри како и на кој начин ја започнале својата љубовна приказна. Иако како и сите други парови, тие се среќни и заљубени, сепак, нешто во врска со овој пар им пречеше на многумина.
Матилда и Самули Ериксон од Финска се полубрат и полусестра. Со учеството во шоуто „Љубовта не суди“, тие ја раскажаа својата љубовна приказна и прикажаа како таа постепено расте. Како што објаснија, откако нивните родители се заљубиле, Матилда и тој станале полубрат и полусестра.Матилда го опишала Самулиус како „многу непријатно момче“ кога првпат се сретнале и дека мислела дека нема да можат да издржат.
– Нашата врска не беше особено блиска. Не го сакав баш, мислев дека е некако досаден. Никогаш не мислев дека ќе завршиме заедно“, признала таа.Меѓутоа, откако една вечер се случила „несреќа“, како што ја опишуваат, кога ја поминале ноќта заедно, морале целосно да размислат што се случило и што ќе се случи понатаму.
– Беше чудно, погрешно и забавно. Но, и покрај тоа што се обидувавме да се вратиме на она што бевме порано, не можевме да негираме дека нешто се случува меѓу нас двајца. Така решивме да им се препуштиме на чувствата – призна Самули.Матилда изјавила дека редовно добиваат негативни коментари од кои најчест е оној кој сугерира дека треба да посетат терапевт.
– Да бевме браќа и сестри по крв, тогаш тоа дефинитивно ќе беше табу, но мислам дека нашата ситуација не е, ниту треба да биде. Мислам дека во минатото туѓото мислење можело да влијае на нас. Тие мислења во денешно време не не интересираат – рече Самули.