Најбараниот број во Македонија деновиве: 500 луѓе ѕвонат во секунда
February 10, 2024
Ситуацијата со промената на личните документи е топ тема периодот во нашата држава.
Петстотини луѓе ѕвонат во секунда за да закажат за нови документи, изјави техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
„Ве молиме за да не го оптеретуваме системот за примање на повици, за кои вчера ме информираа дека достигнал 500 луѓе во секунда, 500 луѓе ѕвонеле за да закажат за издавање на лични карти“, вели Тошковски.
Тој повторно порача дека личните карти важат до датумот одбележан на истите, без разлика дали го носат новото или старото име. Обрасци за нови пасоши уште нема.