Најново инфо: Познато кога јавноста ќе дознае кога Палчо ќе заврши во Шутка

Министерството за правда веќе ја заврши целата работа и чека на МВР да ја договори и спроведе екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо од Република Турција, брифираат оттаму за Алфа.

Како што се наведува, според досегашните информации споведувањето на Палчо до истражниот затвор во Шутка каде ќе лежи 30 дневен притвор ќе се обави во тајност и далеку од очите на јавноста, по барање на турските власти.

Од МВР за Алфа велат дека јавноста ќе ја информираат откако бегалецот ќе биде трнспортиран директно во притвор согласно протоколите на интерпол.

Како што е познато Палчо е првообвинет за киндапирање и убивање на малата Вања од Скопје како и на Панче од Велес.