Од 31 март големо олеснување за оние кои имаат бугарски пасош – се воведува голема промена
Веста која пристигна од соседна Бугарија ќе израдува и многумина наши граѓани кои поседуваат бугарски пасош
Од 31 март бугарските државјани кои патуваат во Шенген зоната нема да подлежат на пасошка контрола, туку само на безбедносна проверка на аеродромот.
Ова на новинарите им го објасни министерот за внатрешни работи во оставка Калин Стојанов.
Тој изврши увид во подготвеноста на РГДП-Аеродроми во врска со приемот на Бугарија во Шенген зоната по воздушен пат и воведувањето на новиот режим на гранична контрола денеска.
Од аеродромот објаснија и дека од 31 март ќе бидат отстранети постоечките шалтери за пасошка контрола на аеродромот во Софија. Односно, откако ќе го провери билетот на патникот, тој ќе помине низ аеродромското обезбедување (проверка на багаж). А ќе има и проверка на пасош на крајот на салата, каде што ќе функционираат шалтерите.
За патниците кои патуваат во Швајцарија или транзитираат низ земјата во шенген-земја, нема да има пасошка контрола и тие ќе патуваат според правилата според кои патуваат граѓаните на земјите од Шенген.