(ВИДЕО) Стојанче Ангелов вечерва објави страшна снимка: Мечките повторно не мируваат, пак нападнаа
Како што е познато на денешната владина седница разгледан бил Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување со кризи, со кој членовите на Владата се запознаени со состојбите за зголемено присуство на мечки во општина Маврово и Ростуше.
Информациите се дека биле разгледани превентивните мерки предложени од страна на надлежните министерства, по што е изразено очекување за ефикасна примена на мерките.
Сепак мечките ниту вечерва не мируваат, а за тоа сведочи снимката што ја објави Стојанче Ангелов вечерва на својот фејсбук профил.
-Вечерва низ тесните улички на с. Жировница… Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или мобилен телефон.