Владата го разреши директорот на М-НАВ, ама на негово место пак стави кадар на ДУИ
Разрешен е Фахрудин Хамиди, кој беше извршен директор и член на Управниот одбор на М-НАВ, како и Љубе Стаменковски. На нивно место доаѓаат Илир Мемети и Милан Корач.
Владата на седница донесе неколку одлуки за состојбата во М-НАВ, меѓу кои препорача разрешување на двајца директори на М-НАВ, откако минатата недела осум лица упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје. Разрешен е Фахрудин Хамиди, кој беше извршен директор и член на Управниот одбор, како и Љубе Стаменковски.
На нивно место доаѓаат Илир Мехмети, поранешен директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба и Милан Корач, оперативен инженер техничар во М-НАВ.
Инаку Илир Мемети повторно е кадр на ДУИ како што беше и Фахрудин Хамиди, поточно дел од партијата чии членови го направија упадот во контролната кула.