Во Косово загина италијански војни од составот на КФОР
Припадник на италијанскиот контингент на КФОР денеска загина, соопшти мисијата на НАТО на Косово.
Несреќата се случила околу 15 часот и 30 минути на патот што ги поврзува општините Пеќ и Клина, додека војникот бил во военото возило „ВМ90“, јавува Ќосев.
Повредениот војник во критична состојба со хеликоптер бил префрлен во Американската болница во Приштина, каде што им подлегнал на повредите.
Во несреќата учествувал уште еден војник, кој во стабилна состојба е префрлен во воената болница во базата на КФОР „Филм Сити“ за дополнителни проверки.
По повод смртта на италијанскиот војник на КФОР, новиот командант на мисијата Озкан Улуташ изрази сочувство.
Околностите за оваа несреќа ги истражува Меѓународната воена полиција, во соработка со локалните и меѓународните власти, соопшти КФОР.