Даниел од кочанско го напуштиле сите, a ја изгубил и куќата: Во мене имам само 20 денари
Даниел Богатинов е роден во село Теранци, кочанско. Растен само од мајка уште од мал ќе ја чувствува празнината од татка си кој заминува на другиот свет кога тој имал само 18 месеци.
Се грижел за старите баба и дедо,а еден ден за жал ќе остане сам без никој, зашто и мајка му одлучува да се омажи и никогаш повеќе да не го побара.
Даниел уште од мали нозе ја почуствувал тежината на животот. Ги зако пува баба си и дедо си, единствените луѓе кој ќе останат до крај со него.
Скромните пари кој ги заработува работејќи како аргат ќе ги даде за поправка на дотраената куќа во која ќе донесе невеста.
Тој ќе основа семејство а му се раѓаат три сина. Кога малку ќе си го среди животот, повторно ќе биде предаден. Работејќи во Струмица една сцена ќе му го смени животот наопаку.
Сопругата го остава и заминува во Италија заедно со децата и се премажува за негов прв братучед. Згора не се ова не е најлошото.
Лани тој во ог нена стихија ја изгубил куќата која макотрпно ја градел со своите десет прсти. Денес тој живее во импровизирана соба.
Соба која има само еден кревет, импровизиран прозорец и никакви други услови за живот. Ваквиот живот ќе му донесе и низа здраствени проблеми од кој не може да крене глава.
Даниел сака да да пронајде стабилна работа, да има постојани приходи со кој би си обезбедил храна и пристојни услови за живот.
– Напуштен сум од сите, живеам сам, изгубив многу. Ако работам денес ќе имам леб ако не ќе гладувам, но секогаш нема работа.
– Еве во мене имам само дваесет денари, со кој ќе купам паштета или баничка. Едноставно овде нема услови за живот, вели Даниел пред камерите на ,,Срце на дланка”
– Мајка ми откако замина не ме побарала ниту еднаш, никој не ме погледнува, освен комшиите кој ми се овде за добро и лошо.
– Мислам да беше татко ми жив, ситуацијата ќе беше друга. Ќе сум имал каква таква подршка и не би живеел во ваква бедотија.
– Немав пари за адвокати, судот автоматски не разведе од жената, а децата ги немам видено четири години, таа се омажи со мој прв братучед.
– Секој ден ги мислам децата, јас сум ги створил и за нив живеам, но ги немам видено. Сум се обидел да ги добијам но приси лени се да не ми се јавуваат.
– Немам струја, имам долг кон ЕВН, поради проблем со спој ми отиде куќата во неповрат, живеам во една соба во која имам само еден кревет.
– Се случувало да нема работа по долго време. Па така сум трпел за леб и по една недела. Два пати кола бирав овде, имам здраствени проблеми.
Доколку сакате да му помогнете на овој осамен човек да сврти нова страница во животот тоа може да го сторите на телефонскиот број 077567831 или на трансакциската сметка 200004029265241 Даниел Богатинов.