Милица Павловиќ во неверување: Не знам што се случува со Македонците во последно време
Младата музичка ѕвезда Милица Павловиќ го закажа својот прв солистички концерт во „Старк арена“ на 23 декември.
Во интервју за локалните медиуми, Милица сега истакна дека за време на аудицијата, но и во подготовките за концертот многу и помага професионалната кореографка Хелена, со која работи уште од албумот „Посесивна“.
– Кореографот со кој работам, Хелен, е некој што го проверив пред мојот албум „Посесивна“ и ја ангажирав за него. Ова секако е и нејзина и моја заслуга. Ова е одговорот на секое прашање што го имам за тоа дали добро си ја работам работата и каков изведувач сум.
Немаше да има толку голем одзив од луѓето и од професионалците да не беше така.
Јас сум многу среќна жена, иако сум многу уморна затоа што дојдов од прекрасна свадба во Скопје, не знам што се случи со Македонците бидејќи последниве неколку недели пеам на По две свадби во Македонија. Еве дојдов ненаспиен, но со полно срце. Ова е само еден сегмент од сè што ве очекува, каде што е и аудио момент и визуелен…