Најљубоморната жена на светот не му дава на сопругот да гледа ни телевизија: Не сакам да гледа жени и да мисли дека се згодни и убави

Сопружници од Велика Британија станаа глобален феномен откако минатата недела во една позната емисија зборуваа за љубомората. Во нивната врска оди дотаму, сопругата го проверува сопругот и по неколку пати на ден на детектор за лаги.

Стив Вуд и Деби Вуд се во брак од 2014 година. Како што пренесуваат британските медиуми, Деби, која го запознала Стив преку пријател во 2011 година, му забранува на својот сопруг да гледа телевизијаи жени во списанија.

За да се осигура дека сè е транспарентно, таа го подложува на полиграф инсталиран на неговиот телефон неколку пати на ден. Овој необичен пар се најде во центарот на вниманието на јавноста откако се појави во шоуто „Only Human“ во кое Вуд раскажа како минатата година и бил дијагностициран синдром на патолошка љубомора.

Редок психијатриски проблем којдоведува до лажни обвин увања на партнерите и сомнеж за нивната верност без никакви докази или причина. Деби објасни дека е целосно свесна за овој проблем, но едноставно не може да се контролира, пренесува Нет.хр.

И покрај верноста на нејзиниот сопруг, Деби која ја презеде неофицијалната титула „најљубоморна жена на светот“ не може да му верува на својот маж, особено кога ќе погледне во друга жена на улица.

„Сметам дека е прекрасен, но тоа не е проблемот бидејќи она што ме ма чи е дали можам да му верувам дека не гледа други жени кога е сам надвор. Не сакам да мисли колку се убави и згодни. Ако сте во врска и сте среќни со партнерот, очите треба да бидат само кон таа личност“, ги објаснила своите постапки.

Деби остана со скршено срце по долгата врска која ја прекина нејзиното момче, пред да го запознае Стив во 2011 година. За да го спречи да пристапува до експлицитни фотографии на жени.

Инсталирала детски филтри на неговиот лаптоп и телефон, додека исто така му забранила да гледа телевизиски емисии во кои учествуваат жени. Деби признава дека купила детектор за лаги преку Интернет за да потврди дали очите на нејзиниот сопруг биле само кон неа.