Пеколното невреме однесе човечки животи: Најмалку двајца загината, од кој еден од гром
July 2, 2024
Разорното невреме што во текот на денот ја зафати Црна Гора однесе два животи.
Медиумите јавуваат дека работник од Турција загинал на градилиште во Чањ додека работел на кран. Едно лице пак загинало во близина на Котор
„Во Луштица постар човек загина од удар на гром на голф терен“, потврдено е за РИНУ во ОКЦ.
Патишта низ Црна Гора се поплавени, надлежните екипи се на терен. Силниот ветер корнеше дрвја, а гранките беа расфрлани по патот.
Во Никшиќ силниот ветер предизвикал големи материјални штети на станбени објекти.