Почина познатиот македонски композитор, само 20 дена по загубата на сопругата
March 18, 2024
Како што пренесуваат српските медиуми, познатиот композитор, Тиме Петров, почина на 76-годишна возраст по кратко боледување, а само 20 дена по смртта на неговата сопруга.
Инаку, Тиме беше еден од авторите на големите хитови на српската музика. Соработуваше со Маја Маријана, Зорица Брунцлик, Зоран Калезиќ, Лепа Лукиќ и многу други пејачи, а долги години свиреше и со Шабан Шаулиќ, пренесе српскиот веник „Блиц“.
Петров е роден во Македонија, а живееше и твореше во Белград.
Пејачката Маја Маријана своевремено кажа колкаво влијание имал Тиме Петров на патот на естрадните ѕвезди.
Инаку, Тиме Петров е автор на познатиот хит на Маја Маријана „Тој ми беше добар пријател“.