Стојанче Ангелов ептен му се налути на Али Ахмети: Тоа е безобразно
Поранешниот генерал и актуелен лидер на Достоинство и прв човек на Центарот за управување со кри зи, Стојанче Ангелов се огласи на фејсбук:
Синоќа лидерот на Д У И Али Ахмети на партиски собир во Шипковица меѓу другото кажал дека се сретнал со делегација од Украина при што им рекол:
“Вие ќе ја добиете оваа во јна. Бидете силни и не предавајте се никогаш, така победивме и ние, бидејќи ние не се предадовме никогаш!’
Ваквата изјава на Ахмети е некоректна, неполитичка дури би ја нарекол и безобразна, затоа што, да се споредува нап адот на Русија врз Украина со одбраната на Македонија во 2001-та е неточно и невкусно бидејки се работи за два сосем различни во ени конф ликти.
Во 2001 година Република Македонија и нејзините воор ужени сили беа нап аднати од У ЧК. Со комуникето број 4 У ЧК побара од “Славомакедонците” да ги напуштат вековните албански огништа.
Но ние, припадниците на македонските безбедносни сили, вој увавме насекаде каде што имавме наредба да вој уваме, победивме секаде каде што имавме наредба да во јуваме, ја одбранивме нашата татковина Македонија и не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја.
Откако од У ЧК увидоа дека никако не можат да се спротистават на македонските безбедносни сили, ја сменија стратегијата а со тоа и реториката и наместо бо рба за ослободување на вековните албански огништа почнаа да зборуваат за борба за човекови права.
На тој начин, преку ноќ, од уб ијци и ра збојници како што ги нарекуваше тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, станаа борци за човекови права.
Сакам да верувам дека изјавата на Ахмети е кажана наменски, како дел од политичкиот говор за подгревање на националната атмосфера на собирот во Речица но апелирам до сите политичари, посебно до највлијателните, да бидат исклучително внимателни и да престанат да користат ваква распалувачка реторика.
Бидејки, само неколку погрешни реченици може да предизвикаат значаен чекор назад кон влошување на меѓуетничките односи, нарушувајќи го процесот на помирување на кој макотрпно работиме години наназад.