Таткото на Кико денес донираше 500.000 денари – пари што беа наменети за синот, сега ги даде да се спаси друго дете
За жал, како што е познато на пошироката македонска јавност, пред извесно младото момче од Штип, Кико Коцев почина и не успеа да дочека да замине не лекување.
За истото беа организирани бројни хуманитарни акции за да се соберат потребните финаниски средства, кои сега ќе бидат пренаменети за спас на друг живот.
„Како што најавив пред 2 дена, ова утро од семејство Коцеви е извршена донација во вредност од 500,000 денари..Ова е од Кико за Стефан.
Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу… а на малиот Стефан му посакувам брзо да се опорави.“, напиша јутјуберот Стефан Лазаров кој беше еден од иницијаторите.
Објавата за донација со уплата ја сподели и самиот таткот Горан кој напиша од Кико за за Стефан.