Јанко јади бурек кажа дека е жртва со години: Откри со што се соочува
Познатиот тв водител Јанко Илковски или во јавноста познат како Јанко јади бурек се огласи на својотот фејсбук профил каде напиша:
Благодарам на сите што го цените моето мислење и што побаравте да коментирам за нешто што одело на програмата на Канал 5.
– Не сум гледал, не знам што пуштиле и зошто е толкава вашата реакција, за која верувам дека е искрена. Затоа не можам да коментирам нешто со што не сум запознат.
-Нема да гледам ниту сум гледал ниту ќе гледам програма од други телевизии од шалабајзерски карактер. Ако и воопшто гледам македонски ТВ станици, како и да звучи ова небулозно од тв водител, нели?
– Ако сметате дека нешто не е во ред и не чини и не треба, зошто по некој ирационален обичај барате реакции од небитни фактори, како мене? Постојат две институции каде поплаките, ако се масовни, и тоа како има реакција – АЕК и Совет за Радио Дифузија!
Направате петиција или што ти ја знам, па реагирајте, масовно, не смеат да ве игнорираат. Ние гаќи на Прометеј му облековме а камо ли ова, нели?
Се надевам дека сите оние, а не знам колку сте, ви помогна мојот совет аи ако ве има многу можеби ќе ви успее, ако е тоа целта ЈАС да искоментирам, но убеден сум само со директна акција кон институција можете да направите промена.
-Канал 5 не се наивни и знаат што прават подобро од мене го познаваат законот за радио дифузија, колку знам доцна навечер смее да се пушта малку порадикална, послободна и поекстремна содржина, но не сум проверил, не знам и затоа и не коментирам а одлучив оваа тема да ја прескокнам.
Јас како жртва на бојкот кој трае со години , емисијата на ТВ каде ја емитувам е меко-блокирана од неколку кабелски оператори. Најдно ми е што иако неколку пати укажав јавноста која до мене реагира, наместо до посочените оператори и институции, дека не им се гледала програмата убаво, сецкала или ја немало итн итн итн …
Да, така е и за тоа јас не сум виновен и тоа е со години но и факт е дека никогаш немало масовна реакција како поддршка да ја исполнат законската обрска и да ги овозможат гледливи сите ТВ канали. Но меката цензура и формалното имање на каналот во понудата е доволно да ве замолкнат и да си продолжат по старо а вие и натаму останувате верни на тој канал, или провајдер само затоа што бил 100 ден поевтин од другиот? Фала за поддршката. Сите ве сакам!