🎥 Шоферот на автобусот кој излета вчера се расплача пред камери: Вакво нешто не може, со партал возила да убиваме патници
Двокатниот автобус на ЈСП кој вчера удри во жардињера во близина на ТЦ „Мавровка“ бил технички неисправен, тврди возачот и претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ), Марјан Ристески
Инцидентот се случил во 14:50 часот и бил пријавен во СВР Скопје. Во сообраќајната несреќа беа повредени три жени, од кои едната се пожалила на болки во колкот, а другите две се здобиле со полесни повреди. Сите три со возило на Брза помош беа пренесени во Клиниката „Свети Наум Охридски“.
Возачот Ферзи Арифи со солзи во очите вели дека постојано им даваат неисправни автобуси, па затоа се должи и ваквиот исход.
„Цел живот сум во ЈСП, тука и низ скопските улици ми побеле косата. На трасата од линијата 2 ја знам секоја дупка и не е можно да ми се случи вакво нешто. Воланот ми закочи, жал ми, се ежам цел кога зборувам, Вакво нешто неможе, со партал возила да убиваме патници што не се виновни, рече Ферзи Арифи – возач на ЈСП Скопје.
Емотивното видео од изјавата на возачот може да ја видите тука.