📷Иван и неговото семејство поради тоа што го направи Игор Џамбазов се враќаат од Германија во Македонија

Игор Џамбазов утрово на својот инстаграм профил објави пост од порака која што ја добил, па притоа му одговори јавно.

Драг мој @ivan.r.ski , добредојдовте дома! Кога веќе државата не ви покажала дека ве сака и дека сте и потребни, тогаш Вие покажете и што е тоа љубов кон мајковината, и колку таа ви е потребна вам, без разлика на се’.

Скептиците ќе речат дека враќањето дома од Германија не е добар потег. Јас ви велам, одличен е!

Како ќе ја оправаме Македонија без Македонци? Ве чекам во Дојран…