Се огласи директорот на болницата во Кочани: Објасни зошто не се примени подобро рангираните доктори
По огласот за вработување во кочанската болница кој привлече големо внимание во јавноста откако беше презентиран од двајца млади доктори од Кочани, денеска со писмено соопштение се огласи и директорот Александар Серафимов.
Според него, огласот е навдно ска ндалозен, а во соопштението кое беше испратено до редакцијата тој цитира дел од Законот, додавајќи дека не навлегува во лични квалификации.
„Не навлегувам кон лични квалификации, Ви го цитирам Законот за здравствена заштита во член 161, став 1:
Работоводниот огран на здравствената установа, врз основа на ранг – листата предложена од комисијата за селекција со најмалку тројца кандидати, доколку има повеќе од тројца кандидати кои ги исполнуваат условите спроведува интервју и донесува одлука за избор на кандидат.“ – стои во писменото соопштение од болницата.
Од таму додаваат дека директорот во саботата на 17 декември на службениот телефонски број и на службената адреса на Болницата не добил ниту порака, ниту повик, па додава дека неиздражно е кажаното дека директорот не бил достапен.
За потсетување, голема прашина во јавноста се крена затоа што откако водејќи се по ранг листа, наместо трето и шесто рангираните се вработуваат седмо и осмо рангираните кандидати.