Хаос во Сингелиќ: Откако изгубиле, фудбалери на Фортуна тепале гости од Куманово
Вчера на стадионот во скопски Сингелиќ се одигра дерби дуелот од 8. коло во Третата фудбалска лига Север во кој гостите од Куманово се радуваа на победа од 3-1 против домаќинот Фортуна.
Но според забелешката на делгатот на мечот Димче Маневски мечот имал и „трето полувреме“ на кое му кумувале немили сцени.
„Натпреварот одигран по правила и прописо на ФФМ. Натпреварот доцнеше 15 мин, поради промена на дресовите на двете екипи. Видео матерјалот е предаден на контролорот.
По завршување на натпреварот домашните играчи со бр. 21 Реџепи Иса и играчот со бр. 26 Алилов Ерсин физички нападнаа повеќе играчи од гостинската екипа при што настана масовна конфронтација која за кратко време се стави во нормала.
Играчите со бр 21 и 26 од домашната екипа избегаа во соблекувалната при што немаше можност да им се додели црвени картон од страна на главниот судија“.
Засега нема официјална информација од МВР, а интересно е тоа што главниот судија на овој меч Димитар Пилешков од Штип е припадник на специјалните единици на македонската полиција.