(ФОТО) Јордан Митев покажа каков мераклија на ракија е – крај казан и со шише во рака
Кога Јордан Митев, еден од најпознатите и најдобри македонски пејач на фолк музика настапува, тогаш забавата е неизбежна.
Потекнува и живее во радовишко Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш. Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип.
Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.
За Митев е познато дека свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.
Митев важи за човек кој си ја сака својата држава, Македонија, нешто што досега многупати го има покажано и докажано:
Познатиот македонски фолк-пејач Јордан Митев со секое свое појавување на настап покажува и докажува дека заслужено си ја носи титулата на најбаран и најдобар пејач.
Кога Митев настапува забавата е неизбежна, а публиката во еден глас ги пее неговите песни. Нема сомнеж дека Јордан е број еден избор за македонските веселби и свечености.
– За музика и нашето музичко ниво не е виновен само народот-публиката, туку и самите “занаетчии” во таа област бидејќи суе тата кај одредени луѓе е толку голема што тие никогаш нема да го признаат и поддржат туѓиот квалитет.
Затоа во етер оди се, само не нешто добро и вредно. Да не се лутиме на нашите соседи, тие се големи професионалци, и кај нив барем оваа работа е поставена за многу многу класи повисоко, затоа и цените се повисоки, смета Јордан.
Митев е секојдневно активен на социјалните мрежи, па така и овојпат кога со неговите фанови сподели убав момент од гостувањето во соседна Србија и напиша:
Во посета на моите големи фанови во Србија, едни од најголемите производители на повеќе врсти ракија. Главен бренд и врв на нивата долгогодишна работа Голд Дуња. Дестилерија “Александар” – Лесковац.