Во струмичко ќе се пече бик од 600 килограми – се најавуа спектакал на „Штрапаријада“
По втор пат годинава во село Сарај Општина Босилово ќе се одржи „Штрапаријада“ настан во кој коњите се натпреваруваат во влечење трупци.
Организаторот на турнирот Џоко Мирчев -Џоканов најавува спектакуларен настан кој ќе се одржи на 22 октомври на ранчот Џоканов. Тој ќе учествува со своите елитни коњи
Турнирот ќе започне од 21 октомври со дочек на сите учесници, а натпреварот ќе се одржи во недела на 22 октомври со почеток од 9 часот со мерење на коњите. За сите љубители на овој спорт кои ќе присуствуваат, ќе има музика во живо со добра забава.
За сите присутни со влезница од 200 денари, следува бесплатен пијалок и бесплатна вечера од печен бик на ражен.
-За првпат ќе го правиме ова, бикот е доста голем, едно 600 килограми. Ќе се стави уште саботата, па ќе се пече до недела до 2,3 часот.Ги покануваме сите. Бикот ќе го печат група од Србија која веќе има искуство, не сакам да го утнеме, изјави Џоко Мирчев.
Настанот ќе биде збогатен со гости од странство, поточно од поранешна Југославија.