Познат пејач живее во шатор под мост: Овде ќе живеам дури можам да издржам, не ме примаат на работа од една причина
Дека животот не е песна за сите ни покажува приказната на едно младо момче коешто е оставено само на себе, а неговата приказна расплака многумина.
Уличниот пејач Мустафа Хрустиќ од Зеница пее од својата седма година. Денес тој е полнолетен и не може да плати кирија или да се прехрани со неговото пеење.
Во емисијата на Сречко Стипович беше сниман во шатор под мостот на Зеничка јамка. Не можел да ја плати киријата, добил отказ, бил избркан од станот.
Мустафа веќе шест дена живее во шаторот, а најлошо е што не може да ја види „светлината на крајот од тунелот“.
Со други зборови, не знае како ќе заработи за да изнајми соба и да си обезбеди храна доживотно. Мустафа нема родители и роднини.
Сега најдобро би било да најде некоја постојана работа за да заработи за живот затоа што не можеш да живееш само од песна без разлика на твојот талент.
– Од седмата година останав без родители, немам никој свој. Постојано живеам на улица. Барав работа, ми ветувале досега, јас ќе им пипшам а тие штом видат Ром не сакаат да ме примат.
Овде сум веќе 6 дена, никој досега не ме дирал. Кога отидов да пеам макар и за сендвич да не легнам гладен, една жена ме виде и ми даде јастук, сендвич и 5 марки, вели Мустафа.
Како што вели, нема право на никаква помош во државата. Нема никакви примања, ни социјално.
– Овде ќе живеам колку можам да издржам. Се дури не дојдам до пари да можам да најдам стан под кирија. Може да се заработи само кога е убаво времето, но како што е сега дождливо нема шанси. За храна одам до пекарата или продавница и земам паштета, некој сок, додава овој напатен младич.