(ФОТО) На Андријана и се залепиле повеќе од 100 крлежи – берба на сливи и се претвори во пекол
Берба на сливи за Андријана Срешковиќ од Љига се претвори во необичен настан, затоа што за само неколку часа поминати во овоштарник стана дефинитивен рекордер во бројот на крлежи што се закачија за нејзините раце.
– Откако се вративме дома, ги забележав точките на кожата и сфатив дека станува збор за крлежи. Ги извадив 20, а потоа отидов на лекар.
Лекарот извади 103 од нив и рече дека нема сличен случај и дека најголем број на крлежи што ги вадел е околу триесет, а кај мене се сретнала со трипати поголем број“, рече Андријана за Рина.
Таа беше на сливи со семејството, но инсектите само се закачија за неа. Низ шала ќе и речат дека е добро што барем во нешто е рекордер, сепак, таа не би се согласила со тоа, затоа што медицинските работници два часа и ги вадеа крлежите.
– Кога дојде време да ги дезинфицираме убодите со јод, не беше можно да се погоди на секое место, така што докторот буквално ги размачка целите раце.
Се надевам дека оваа ситуација ќе помине без големи последици, но во секој случај, ќе се тестирам за Лајмска болест, да имам мирна совест вели Андријана.